Знакот поставен во центарот на градот на кој реагираше  читател на ohridnews всушност е стандарден знак, објаснува друг наш читател.

„Се работи за совршено стандарден знак, во употреба во сите земји кои ја пратат Виенската спогодба за сообраќајни знаци и правила (практично сите земји во светот, освен САД и Канада. Знакот припаѓа на групата знаци за известување и означува „зона на смирен сообраќај“. Во рамките на оваа зона, возачите на моторни возила не смеат да возат со брзина поголема од пешачки од, поради опасност од истрчувања на деца. Најчесто се поставуваат пред градинки и основни училишта. Нивната употреба секогаш е придружена со поставување на „легнати полицајци“ во зоната. Истиот знак прецртан значи крај на слободната зона“, објаснува читателката Билјана Силјаноска. Таа посочува  официјална веб страна  за сообраќајни знаци   http://homepages.cwi.nl/~dik/english/traffic/signs/E.html, каде споменатиот „спорен“ знак е во сина боја.


зона на смирен сообраќај

Во Охрид овој знак е поставен кај кафе барот „Стрит“ во бела комбинација и според дел од читателите е несоодветен. Сепак објаснуваат други се работи за стандарден знак кој бил применуван во Европа.

Дилемата решена !

Г. Момироски