–Риболовот со сертме (сачма) е забранет на Охридското Езеро, а и сачмата како риболовно средство е забрането и за стопански и за рекреативен риболов. Ја подржуваме кампањата на владата „Македонија вечна“ и на сите други институции за подобра презентација на Охрид и Охридското Езеро , но не се согласуваме со оној дел од рекламата за риболов, која никако нема да допринесе за развој на туризмот, а посебно на рибниот туризам . Затоа што никој од светот нема да дојде да риболови на Охридското Езеро со сачма. Дваесет – милионската армија на риболовци само од Европа е незаситна, и не жали пари за рибарски авантури на нови риболовни терени, но само на спортско рекреативен начин, се вели во соопштението на СРД „Св. Апостол Петар“.
Сценариото и режијата на спотот се на Душан Дракалски. Тој бил сниман пет дена на познати локации на Плаошник, селото Трпејца, Св. Наум, Св. Бородица Перивлепта, стариот град и куќата на Робевци… Во изработката на спотот била вклучена 70-члена екипа, а вкупниот буџет е 80.000 евра.