Предлог-одлуката за дополнување на Одлуката за  основање Јавно претпријатие за изградба,  одржување и стопанисување со спортски објекти и јавни паркинг-простори  донесена на денешната седница на Општинскиот совет се коси со законот, зашто во неа се наведени имињата и презимињата на вработените кои ќе се преземат од Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ во новоотвореното претпријатие.

Според претседателот на Советот, Владо Чингоски, во ниту еден оснивачки акт не смеат да стојат имињата и презимињата на вработените кои што се преземаат, туку може да биде наведен само управителот или директорот.

Бранејчи ја Предлог одлуката, Димитрија Вревезоски, претставник на предлагачот, Локалната самоуправа, рече оти Агенцијата за вработување инсистирала во Предлог-одлуката да бидат напишани имињата и презимињата.


Различни ставови околу дополнувањето на одлуката за основање новото јавно претријатие

А. Ристеска