Стапката на криминал во Охрид бележи намалување, а ефикасноста на полицијата е зголемена.
Ова на одбележувањетро на денот на полицијата, гo изјави заменик началникот на СВР Охрид Бетим Бакали.
“Безбеднсосната состојба во општина во Охрид ја оценуваме како многу поволна. Во првиот квартал од 2007 година споредбено со истиот период лани има намален број на кривични дела, а охрабрува и зголемената ефиксаност и бројот на откриените дела. Исто така и во периодот после првото тромесечие таквиот тренд продолжува и се надеваме дека и во иднина ќе имаме подобрување на општата безбедносна ситуација“, рече Бакали.
Бакали како добра ја оцени и соработката со другите институции, граѓаните и невладиниот сектор, најавувајќи дека реформите во полицијата ќе придонесат за поголема отвореност на ослужбата кон јавноста.
Г. Момироски