Четири пријави против медиумите ќе бидат поднесени за прекршок пред изборите, 12 за време на изборната кампања, пет за нарушување на изборниот молк, а девет за неизбалансираност во известувањето, односно во интервјуата.
Покрај ова СРД поднела и 26 укажувања до медиумите за прекршувања на одредбите од изборниот законик, од кои четири се однесуваат на предизборниот период, 17 во изборната кампања и пет во време на изборниот молк.
Констатација на СРД е дека единствено избалансирано во кампањата информирале телевизиите Телма и Алсат М, како и радиото Канал 77.
Казната, која што ќе треба да ја платат медиумите се движи од 3.000 до 5.000 евра, во зависност од тоа дали станува збор за неизбалансираност, или за драстична неизбалансираност.