Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија-СДСМ, денеска обвини дека во АД ЕМО се врши партиска дискриминација. „Членови на СДСМ се пуштаат на принуден одмор, а на нивно место се вработуваат членови на владејачките партии“, обвини Анита Азеска, одговорна за односи со јавност во ОО СДСМ-Охрид.
Азеска истакна дека СДСМ има сознанија дека платите на вработените во ЕМО се исплаќаат во кеш и по партиски заслуги. „И покрај ова до овој момент ништо не е направено од страна на државата, поради што апелираме до надлежните органи да ги проверат ваквите наоди“, рече Азеска.
СДСМ обвини за партиски чистки во ЕМО
Престедателот на СДСМ, Томе Чингоски истакна дека партијата ќе сочека надлежните органи да реагираат, а во спротивно таа ќе изнесе и нови сознанија за случувањата во ЕМО.
Инаку на денешната прес конференција ОО СДСМ соопшти дека по конституирањето на новото партиско раководство се одржани три седници и дека за секретар на огранокот во Охрид е избран Душко Јаковчески.
Г.Момироски