Според последните официјални резултати објавени од страна на Државната изборна комисија кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Кирил Пецаков освои 14.380 гласа односно процентуално 48,54%. Кандидатот од СДСМ и коалицијата Константин Георгиески освои 12.460 гласа односно 42,05%, Гоце Цветковски освои 1.376 односно 4,64% гласа.
Во Охрид на гласање излегле 29 628 граѓани или 56,46 отсто од вкупниот број гласачи од избирачкиот список. Вкупниот број на неважечки ливчиња е 1 412.
Вториот круг од изборите за Градоначалник на Охрид ќе биде на 31 октомври.
OhridNews