Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната бројка на туристите кои престојувале во јуни 2010 година изнесува 51 596, а бројот на ноќевањата 128 004.

Споредбено со јуни минатата година бројот на туристи е зголемен за 0,6 отсто, а на ноќевања намален за 0,5 отсто.

Бројот на домашните туристи во јуни 2010 година, во однос на јуни 2009 година, е зголемен за 4.4 отсто, а бројот на странските туристи е намален за 2.6 отсто. Зголемен е и бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2010 година, во однос на јуни 2009 година, за 6.3 отсто, но ноќевањата на странските туристи се намален за 7.4 отсто

Во првите шест месеци од годинава имало 4.1 отсто туристи помалку споредбено со истиот период минатата година. Кај домашните туристи намалувањето изнесува 3.9 отсто, а кај странските 4.3 отсто.

Ohridnews