„Владата останува на таа проекција и ние со сите инструменти заедно со Централната банка ќе ја реализираме таа проекција, наспроти предизвиците кои што постојат во светските цени во делот на нафтата и прехранбените производи“, рече Ставрески.
Тој вети дека владата ќе стори се што може за да го заштити стандардот на граѓаните, односно покачувањето на цените да се движи во рамките на ниските проектирани вредности до три проценти.
Непосредно по изјавата на министерот за финансии, Државниот завод за статистика објави дека инфлацијата во март достигнала 5,2 отсто на годишно ниво.
извор: Makfaks