Британското Министерство за одбрана го објави најновиот разузнавачки извештај во кој се наведува дека руските трупи се обидуваат да ги опколат украинските сили на исток и напредуваат од правец на Харков на север и Мариупол на југ.
Се додава дека руските трупи исто така напредуваат од регионот на Крим кој е под руска контрола кон југ, напаѓајќи ја Одеса, најголемото пристаниште во Украина и третиот најнаселен град во Украина.
Но, Русите се соочуваат со големи загуби при секое напредување поради силниот украински отпор, се наведува во извештајот.
OhridNews