Граѓанската асоцијација МОСТ која со над 4000 волонтери го набљудуваше изборниот процес во земјава, на прес конференцијата пред полноќ ги соопшти неофицијалните резултати од изборните единици 2, 3, 4 и 5. Резултатите од изборните едници 1 и 6 не беа соопштени поради, како што беше речено големиот број неправилности и неможноста да се обезбеди репрезентативен примерок.

Според МОСТ во 5-та изборна единица во која спаѓа Охрид, убедлив триумф однела коалицијата „За подобра Македонија“ која освоила 12 мандати, коалицијата за Европа „Сонце“ освоила 5мандати, ДУИ 2, а ДПА 1 мандат.

ohridnews