За два дена две дијаметрално спротивни анализи на јавното мислење поврзани со најавените предвремени парлемантарни избори.

Според Институтот „Либерта“ доколку утре се одржат изборите за  ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 15%, додека за СДСМ 12,1%, од гласачите, а неопределени се 34,5%.  ДУИ би освоила 8% од гласовите, Нова Демократија 6,2%, ДПА 4%, Обединети за Македонија 2,2%, ЛДП 0,6% и.т.н  

Телефонската анкетата на Институтот „Либерта“ била спроведена од 5-12 февруари  на примерок од 1.403 граѓани.

Вчера резултатите од испитувањето на јавното мислење на истата тема ги соопшти Институтот „Павел Шатев“, според кој доколку има избори ВМРО-ДПМНЕ би освоила 56, а СДСМ 31 пратенички места,  ДУИ 17 места, НД би освоила седум, ЛДП четири места и три места остануваат за останатите политички партии.

OhridNews