Согласно Законот за градење исклучива надлежност во делот на градењето, односно во конкретниот случај поставување на урбана опрема и отстранување на дива урбана опрема имаат општините и тоа е многу децидно кажано во Законот за градење.

Ова за медиумите го изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, запрашан за трагедијата која пред неколку дена се случи во Струга кога од струен удар загинаа три лица.

Јанакиевски изјави дека од 2005 година со процесот на децентрализација во градењето надлежност имале општините, и дека многу било лесно да се префрла топката на централната власт кога локалната власт нема доволно капацитет или нема волја да ги спроведуваат законите.

Ohridnews