ИШ на ВМРО ДПМНЕ пред малку соопшти дека од досега обработените 21.642 гласачки ливчиња, нивниот кандидат, Кирил Пецаков има освоено 12.333 гласа, кандидатот на СДСМ и коалицијата Константин Георгиески 9.168, додека 142 гласачки ливчиња се неважечки.

Според ИШ на СДСМ, пак, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков од досега преброените гласови има 12.095 гласа, Константин Георгиерски 9.969, а неважечки се 531.

Според информациите на ДИК, излезноста во вториот круг во Охрид е над 58%.

Г.М.