Живееме во време на помешани вредности, токму поради кои начинот на живот денес е многу поразличен од порано. Една од многуте последицити од ова видување е ставањето на парите и материјалните вредности на прво место. Токму од таму произлегле и добро познатите спонзоруши, кои, за мене субјективно, претставуваат најодвратната појава во денешното општество. Ако некогаш чесноста и трудољубивоста беа клуч за успехот, денес тие не значат ништо. Или пак значат – тоа дека мора да си многу наивен и не при свој памет ако мислиш дека ќе постигнеш нешто во животот со вакви особини.

Идеалите на денешната младина се парите и моќта, а за најуспешни се сметаат оние кои најлесно и најбрзо успеале да стигнат до нив. Како еден од тие начини да се стигне до лесни пари е и горенаведеното спонзоруштвото. За голем дел од денешната младина под „успешна девојка“ се подразбира стегната плавуша со пеглана коса, штикли од 12 сантиметри и „миниќ“ што лесно можеш да го помешаш со каиш. На сликите на фејсбук најчесто е со дакфејс, нападна шминка и деколте што повеќе открива отколку сокрива. Нејзините другарки постојано ѝ коментираат како таа е најубава, а заедно со нејзиниот дечко се најубав пар.

А, иначе, нејзиниот дечко има бесен автомобил, напумпани мускули и златен ланец. Како што секој разумен човек би претпоставил, автомобилот и ланецот му се заработени со „сопствен труд и чесна работа“. Со оглед на тоа што не знае да состави проширена реченица ( не дај Боже да треба да употреби сложена), секој втор збор му е пцовка или некој друг недоличен збор за нас, а тој се филма и мисли дека е најречитиот фраер. Многу добро има совладано една од поважните животни лекции: „Кај што има сила, нема правдина!“ и за жал, всушност таа му е движечка сила во животот.
Па, добро бе луѓе, што ни се згрешило? Од кога да си добар, чесен и искрен не е на врвот на хиеархиајата на човечките вредности, туку таму се наоѓаат парите и моќта?! Сѐ додека ова не се промени, луѓето ќе стануваат сѐ полоши и полоши и светот ќе биде преполн со идиоти кои не гледаат ништо пред себе, освен банкноти со големи бројки. Сѐ додека ова не се промени, за жал, еволуцијата на човечкиот мозок ќе се уназадува, место да се еволуира, што и требало да биде природен тек на настаните. Затоа, треба да сфатиме што е клучното во животот, а за парите што и не се најбитни во животот, да се избориме самите со многу посветеност, работа,труд и чесност!!!

И , на крај ќе завршам со добро познатата и често идеалистички споменувана фраза од Пауло Коељо: „ Ако нешто премногу сакаш да ти се оствари и тоа го посакуваш од дното на својата душа и со целото свое битие, тогаш сите ѕвезди и сите планети ќе сковаат заговор тоа да ти се исполни“.
Слатко, зар не?! Е, па тогаш, господине Куељо ќе те послушам и ќе посакам памет за оние женски души на кои им е итно потребен, а за секој случај ќе се помолам и на мојот Бог (кој ми е секако многу поблизок од тебе) за спас на нивните души, односно да го исправат досега криво изодениот пат.

Зашто, кај ќе ни биде крајот доколку истите тие ги пренесат нивните „вредности“ на децата кои во иднина ќе ги донесат на овој свет?! КАЈ ЌЕ НИ БИДЕ КРАЈОТ???????????

Трнорушка

*Ставовите изнесени во рубриката „Отворена“ (Писма-Колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.