Спомениците на Св. Наум и Св. Климент лежат во магацин
12.08.08 07:10
Општината Охрид бара државата да и издаде дозвола за подигање на спомен обележја посветени на Св. Наум и Св. Климент Охридски на пристаништето пред хотелот „Палас“, кое според проектот треба да се реновира.
Општината сака да го уреди пристаништето пред „Палас“
Намерата ни е да го уредиме пристаништето пред „Палас“, кое од грда слика ќе стане место кое ќе биде нова гордост за Охрид и Македонија, вели градоначалникот Александар Петрески. Веќе е изготвен проект за изградба на платформа на која ќе бидат поставени споменици на Св. Наум и Св. Климент кои Охрид ги доби на подарок од Украина. Спомениците се пристигнати во земјава, но тие лежат во магацини затоа што градот нема добиено дозвола од Министерството за животна средина за нивно поставување. Чекаме дозвола од Министерството за животна средина иако не знам што ќе се наруши во езерото со поставување на спомениците, вели градоначалникот Петрески.
Александар Петрески
Градоначалникот на Охрид смета дека пристаништето пред „Палас“, како и другите две пристаништа на охридксата ривиера треба да и бидат отстапени на локалната самоуправа која е подготвена да ги уреди и да управува со нив.
Кај осумте поголеми ланци на маркети забележан е пад на вкупниот промет за 22,12% во четвртокот и петокот, информираат од Управата за јавни приходи За разлика од минатата недела вториот бојкот спор...
На 07022025 на подрачјето на Охрид, тимови од полициски службеници од СВР Охрид и службеници од Државниот пазарен инспекторат извршија заеднички контроли на лица кои вршат продажба на производи на ...
На 08022025 во 0050 часот, полициски службеници од СВР Охрид спроведоа акциски контроли во повеќе угостителски објекти во Охрид за откривање малолетници кои престојуваат подолго од законски дозволе...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.