Поставувањето на спомениците во центарот на Скопје кои се дел од проектот „Скопје 2014“, почна денеска.На двата постамента на влезот на Камениот мост од плоштадот „Македонија“ беа поставени спомениците на Гоце Делчев и Даме Груев.
По ова ќе се продолжи со градби на постаментите на двата лава кои веќе се тука.
Градоначалникот на општината Центар Владимир Тодоровиќ неодамна најави дека втората половина на 2011 та година е рокот кога треба да биде поставен споменикот на Алексанадар Македонски.
Проектот Скопје 2014 предвидува целосен редизајн на центарот на Скопје со голем број нови објекти на двете страни на реката Вардар и низа споменици на историски личности.
Извор Макфакс
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com