Скулптурата „Воин на коњ“, која  од вчера се составува на плоштадот „Македонија“ во Скопје, за властите во Атина преставува провокација и крадење на грчката историја, пренесува „Макфакс“.

Препознавајќи го Александар Македонски во ликот на скулптурата, грчките власти велат дека неговото поставување преставува узурпација на грчката историја и ширење на национализам и конфликти.

 “Оваа политика е прекршување на духот на Привремената Спогодба, провокативна е и е за осуда, ги поткопува билатералните односи и наштетува на преговорите под покровителство на ОН. Дирекно е во спротивност на добрососедски односи и ќе има неизбежни последици по евроатлантските перспективи на ПЈРМ. Уште повеќе, овој потег следува по неодамнешните гаранции на политичкото лидерство на ПЈРМ пред ОН и меѓународната заедница дека планираат да работат искрено кон надминување на спорот со името. Грција ќе ги информира своите партнери и сојузници, како и меѓународните организации за оваа провокативна постапка, за која веќе ги предупредивме“, изјави Григорис Делавекурас, портпарол на грчкото Министерство за надворешни работи.

Делавекурас со порака до македонскиот премиер Никола Груевски – да работи искрено и сериозно кон надминување на спорот со името меѓу двете земји, а не да прави, како што вели портпаролот на грчкото МНР, провокации за да ја избегне реалноста

„Име со географска одредница за сите употреби во односите со сите држави е решението што ќе овозможи градење на добрососедски односи, ќе придонесе за регионална стабилност и ќе ги одблокира европските перспективи на ПЈРМ“, рече Делавекурас.

OhridNews
извор: „Макфакс“