Ова стои во предлог одлуката што ќе се најде пред градските советници на претстојната шеста седница.
Како што е познато споменикот е планирано да биде подигнат во паркот пред рибниот ресторан. Локалната најави дека по донесување на Одлуката в петок, Советот на општината ќе именува посебен одбор кој ќе се грижи за реализација на целиот проект.
Со Предлог-одлуката одредено е потребните средства за подигање на споменикот да се обезбедат од Буџетот на општината, Министерството за култура и евентуални донатори.