Советот на Општина Охрид денеска ќе расправа за иницијативата за подигање споменик на Св. Наум Охридски –Чудотворец во центарот на градот.

Иницијативата за поставување на споменик на Св. Наум Охридски, е една од вкупно 20-те точки кои ќе се најдат на дневен ред на шестата седница на Советот:

1. Предлог одлука за давање согласност  за формирање  паралелки со помалку од 25 ученици во основните училишта   во општина Охрид

2. Предлог одлука за  давање  согласност  за  формирање  паралелки со  помалку  од  25  ученици во  ОЕМУЦ  „Св. Наум Охридски “ Охрид.

3. Предлог одлука за  давање  согласност  за  формирање  паралелки со  помалку  од  25  ученици во  ОСУ  „Св. Климент Охридски “ Охрид.

4. Предлог одлука за  давање  согласност  за  формирање  паралелки со  помалку  од  25  ученици во  ОУТУ  „ Ванчо Питошески “ Охрид.

5. Предлог  одлука за   подигање  спомен обележје на  на Св. Наум Охридски –Чудотворец .

6. Предлог Одлука за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на Општина Охрид.

7. Предлог одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за периодот од 01.01.-30.06.2009 год.

8. Предлог одлука за усвојување на Извештајот за реализација на  Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.01.-30.06.2009 год.

9. Предлог одлука за давање согласност на одлуката за статутарни промени во ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид.

10. Предлог одлука за давање согласност на одлуката за измени и дополнување на одлуката за утврдување на цените што ги врши  ЈП „ Охридски Комуналец“ Охрид.

11. Предлог одлука за давање согласност на одлуката за отуѓување на деловен простор во ТЦ „Амам“ Охрид сопственост на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид.

12. Предлог одлука за давање согласност на одлуката за отуѓување на деловен простор во Градски пазар Охрид сопственост на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид.

13. Предлог одлука за давање согласност на одлуката за задолжително користење на специјални садови за отпад  за корисниците на комуналната услуга –подигање, транспортирање и депонирање на комунален отпад.

14. Предлог одлука за одржување на јавна чистота и утврдување надоместок за одржување на јавната чистота.

15. Предлог одлука за усвојување на финансискиот извештај на МЈП „Проаква“ Струга за периодот од 01.01.-30.06. 2009 год.

16. Предлог одлука за усвојување на финансискиот извештај на РЕ „Водовод“ Охрид  за периодот од 01.01.-30.06. 2009 год.

17. Предлог одлука за определување на инвестициски проекти од значење за општина Охрид.

18.  Предлог одлука за усвојување на извештајот од работењето на ЈП „ Билјанини Извори“ Охрид за периодот од 01.04-30.06.2009 год.

19. Предлог-Одлука за утврдување  Нацрт  детален урбанистички план  за Урбана заедница 9 урбан блок 9.2. 2009-2014

20. Предлог-Одлука за утврдување  Нацрт  детален урбанистички план  за  урбан блок  7, опфат 1  2009-2014  (Лагадин – Пештани).

Ohridnews