Сопственикот на фудбалскиот клуб Фулам, Мохамед Ал Фајед, нарачал споменик на починатиот крал на попот, Мајкл Џексон, кој бил поставен пред стадионот на неговиот фудбалски клуб во Лондон. Тој и Мајкл Џексон биле многу добри пријатели. Споменикот на музичарот бил висок 183 сантиметри.
Споменикот, кој бил поставен точно пред стадионот на фудбалскиот клуб Фулам, веќе привлекувал големо внимание на минувачите и туристите. Со ова Мохамед сакал на својот пријател да му изрази последна почит. Кралот на попот умрел 2009 година од преголема доза лекови.