Спомени“ е новиот сингл и воедно најава за новиот проект на дуото Горан Папаз и Танче Гроздановски.
Се работи за емотивна и елегична мелодија која е инспирирана од убавите моменти кои им се случувале во минатото на двајцата музичари. Отсвирена е само од саксофон и гитара.
Автор на музиката е Горан Папаз, а за аранжманот и продукцијата се погрижи Танче Гроздановски.
Видеото е изработено од страна на „Мега Продукција“, под режисерската палка на Ѓоко Наумовски, а во него се појавува д-р Наташа Попоска Карче која ја оплеменува целата приказна.
Папаз и Танче со полна пареа го подготвуваат новиот проект кој ќе носи наслов “Елегија”, на кој ќе се најдат десетина композиции, авторски и преработки на изворни елегични македонски песни. Албумот треба да биде готов ова лето. На него на пијано ќе гостува маестро Иван Еминовиќ, диригент при Македонска опера и балет.
За новиот проект “Елегија” има голем интерес од балканските музички продукции, со неколку веќе сме во преговори па најверојатно во текот на наредната недела ќе имаме и официјално потпишан договор. – вели Горан Папаз.
OhridNews