По наредба на инспекцијата при Министерство за култура, отстранетата спомен плоча од НОВ во центарот на Охрид ќе биде вратена во првобитната состојба, најави денеска министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.
Инспекторите за култура извршија вонреден инспекциски надзор за отстранувањето на спомен-обележјето на осудени лица од фашистичкиот окупатор во 1941 година, при што се констатирани прекршоци и на сторителите им се изречени законски глоби, согласно одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен-обележјата, објави на Фејсбук министерката за култура.
Дополнително извршен е и инспекциски надзор во Општина Струга за поставувањето на спомен-плоча за основно училиште „Битолски конгрес“ во 1941 година и за градоначалникот, кој е надлежен за истата и е изречена законски утврдена глоба.
Заштитата на културното наследство мора да е приоритет на сите и грижата да биде заедничка, и на централно и на локално ниво. Апелирам на поголема совесност од секој поединец кон културните и историски споменици, во спротивно негрижата и дејствијата во насока на нивно уништување ќе бидат соодветно казнети, истакна Костадиновска Стојчевска.
OhridNews