Догодина во Охрид ќе се изгрaди Спомен парк, во чест на 15-те бугарски туристи, кои загинаа при потонувањето на бродот „Илинден“ во Охридското Езеро. Иницијативата за изградба на овој парк е на здружението „5-ти Септември“, а ќе биде финансирана од охридската локална самоуправа и Ротари клубовите од Охрид и бугарскиот град Пирдоп, од каде што потекнуваа  најголем дел од жртвите во несреќата.

Од здружението велат дека се уште не се знае локацијата каде ќе биде подигнато спомен обележјето, но постои предлог тоа да биде во месноста Елешец или на охридскиот  Кеј. Според проектниот цртеж, во Паркот на сеќавање, покрај спомен плочата, ќе бидат засадени и 15 млади садници, на украсни дрвја, кои симболично ќе го искажуваат бројот на загинатите во несреќата. 

Е.Е.