Лајанс клубот „Лихнидос“ ја продолжува благородната мисија за соодветно обележување на спомен обележјата и знаменитостите од исклучително значење за градот Охрид. Во заедничка акција со ОУ„Григор Прличев“ деновиве подобрено е и осветлувањето на дворот на училиштето.
Исто така, подобрена е илуминацијата на спомен куќата на Прличев во стариот дел на градот, а соодветно е осветлен и гробот на големиот македонски поет, писател и преродбеник.
Активностите на ЛК „Лихнидос“ се дел од одбележувањето на 190 години од раѓањето на Григор Прличев.
OhridNews