Спомен куќата на Тоше Проески изградена според проектот на „Синдикат студио“ ја доби наградата за најдобро архитектонско дело за 2011 година  на Меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона.

Проектот за спомен куќата на Тоше доби најмногу гласови на интернет гласањето, над  15 илјади, а победи и според гласањето на  жири комисијата.

Зад првонаградениот проект, се најдоа Музејот на сеќавањата и толеранцијата во Мексико Сити и Атмосфера во Калкута.

На меѓународниот конкурс беа пријавени над 1000 проекто од целиот свет.

Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево е изградена во форма на крст на површина од околу 870 метри квадратни, според идејниот проект на  архитектите Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски, во соработка со Илија Божиновски.

OhridNews