Спојот младост – искуство го враќа Пелистер на врвот
31.08.10 13:10
– Искусните интернационалци кои се на залезот од своите кариери. ќе ги споиме со младите сили на Пелистер и тимот ќе биде повторно конкурентен – смета старо-новиот стратег на битолски Пелситер, Звонко Шунодвски, кој очекува ваквиот спој битолскиот лигаш да го врати на победничкиот колосек.
Спој на младост и искуство е девизата според која во Битола очекуваат Пелистер да се врати во македонскиот ракометен врв. Проверените Зарков, Попоски, Димитровски, Атанасовски, Тоскоски, надоврзани со Митрески, Јанкуловски ќе бидат составен дел од четата на Шундовски во новиот поход. Победата на струшкиот турнир е првиот лакмус кој ги даде позитивините резултати
– Пелистер ќе биде пречка за секој противник, имаме млади играчи кои се водени од победничка атмосфера во соблекувалната, нашиот тим е здрава екипа кој нема предвреме да се предава пред никој противник – вели Шундовски кој очекува победничкиот менталитет да ги краси “чкембарите“.
Смирената игра без непотребни брзоплети излети надополнета со одличниот Тоскоски на голот беше добитната комбинација на финалето во Струга. Пелистер каде и да игра игра со ветар во грбот, носен од подршката на популарните “чкембари“
– Носени на крилата на прекрасната публика овај тим може да победи секого. Идеата на Пелистер е полека да гради екипа за во иднина. Поискусните играчи да им помогнат на помладите, да направиме еден добар костур, и со еден добар спонзор и со две три засилувања за година до две ќе им парираме на Металург и Вардар – потенцираше голманот Тоскоски.
Пелистер и годинава ќе биде дел од ракометна Европа. Во рамките на 2 коло од ЕХФ купот, битолчани го пречекуваат подобриот од дуелот Дуделанж – Кастриоти.
Покрај победата на турнирот кој треба да ја подгрее победничката атмосферма, пелистерци во Струга имаа можност да ги одмерат силите со евентуалниот противник и да видат со што тој располага. Во косовскиот тим играат неколку македонски интернационалци, а ги предводи Ристе Трајкоски кој беше нивни најдобар стрелец на турнирот.
– Уште немаме информации каква екипа има Дуделанж, а шансите се 50-50, се надевам дека ќе го поминеме и ќе излеземе на мегдан со Пелистер. Пелистер е Пелистер тука нема збор но се надевам на позитивен резултат – вели Трајкоски кој шеста година е дел од косовскиот ракомет .
Пелистер го победи Кастриоти со 27-15, а Попоски со девет гола беше водечкиот играч во битолскиот состав . Шундовски смета дека косовскиот тим е минлива пречка за “чкембарите“
– Нема простор за старавување но максимално ќе бидиме претпазливи, видовме која е екипата и со каков квалитет располага. Екипата е солидна и добра, но не би требало да ни преставува поголем проблем – завршува Шундовски кој на лице место можеше да се увери во квалитетите на косовскиот првак.
Карате федерацијата на Македонија на гала свеченост ги избра најдобрите за 2024 година Најдобриот македонски каратист, Петар Заборски избран за најдобар каратист на Македонија во борби, додека Миха...
ГРК Охрид подготовките за вториот дел од сезоната ги продолжува во соседна Србија “Гладијаторите” ќе одиграат повеќе натпревари со силни противници, на турнирот “Вук РогановиќR...
Фудбалерите на Охрид поразени на денешниот контролен натпревар против екипата на Земун, постигнувајќи еден гол, за разлика од гостинската екипа која постигна два гола Стрелец на голот за екипата на...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.