Комисијата за утврдување на причините за несреќата во која членуваат експерти од Македонија, Бугарија и Хрватска, ја разгледувала понудата на сплитската компанија. Извлекувањето како што шпекулира чини околу 30.000 евра кои ќе треба да ги обезбеди државата, а покрај на сплитската, ќе бидат разгледани понуди и на уште неколку други специјализирани компании од регионот. Предвидено е бродот „Илинден“ да се извади со балони под компресија за да се избегнат евентуални оштетувања.
Според неофицијални информации истрагата за бродската несреќа ќе се фокусира и на перформансите на бродот кој технички бил прегледан од овластената компанија Лојд од Германија, која во месец мај дала дозвола тој да плови по Охридското Езеро.
Бродската несреќа и денеска е топ тема во охридската јавност, која очекува случајот кој ги покажа слабости на македонскиот туризам, но и на одговорните институции, да биде целосно расчистен.