Специјализираната компанија „Дубина“ од Сплит – Хрватска, ќе го изврши извлекувањето на потонатиот брод „Илинден“. Се очекува во текот на денешниот ден во Охрид да пристигне опремата со која ќе биде изведена сложената операција, која доколку временските услови бидат поволни, ќе започне уште утре.


Како што веќе објави „Ohridnews“, изввлекувањето на „Илинден“ ќе се врши со воздушни балони со цел да не дојде до оштетување на потонатиот брод. Тоа е особено важно поради вештачењето што треба да се изврши откако „Илинден“ ќе биде извлечен на копно. Вештачењето треба да и помогне на истрагата во утврдувањето на причините за големата несреќа.

Бродот „Илинден“ потона во водите на Охридското Езеро на 5-ти септември при што се удавија петнаесет бугарски туристи.

Ohridnews