Селекторот на “А“ селекцијата на Македонија, Мирсад Јонуз ќе го почека викенд колото за да го објави списокот на репрезентативците на кои планира за пријателскиот меч против Албанија на 17 ноември во Корча.
–
Конечниот список на играчи за претстојниот пријателски натпревар со Албанија, ќе биде објавен во понеделник, иако беше најавено дека тоа ќе биде сторено во петок. Поради зачестените повреди кај нашите репрезентативци, селекторот одлучи да го направи тоа по завршувањето на викенд колото на сите репрезентативци – се вели во соопштението на веб страната на ФФМ.
По изјавите “играм – неиграм“ не јасна е ситуацијата на капитенот Горан Пандев, кој поради повреда го пропушти дво мечот со Андора и Русија, но најави дека ќе дојде за да игра против Албанија. Пандев под посебен третман ги одигра последните натпревари за европскиот првак Интер и доста извесно е дека ќе бара поштеда за мечот со нашиот западен сосед. Попов и Деспотовски се повредени и на нив нема да може да смета Јонуз.
Мечот ќе биде “балканска“ пресеметка за бегство од дното на ФИФА рејтинг листата. Македонија која е рангирана на 70 место е најслабата балканска селекција откако Албанија и покрај поразот од Белорусија направи скок за две места и сега е на 65 место додека Црна Гора направи скок дури за 14 места.
М.П
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com