Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека согласно Законот за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој закон се објавени на нивната веб-страница.
Паричните средства за корисниците на финансиска поддршка за справување со енергетската криза ќе бидат исплатени на 12 јануари 2023 година.
На веб-страницата на Министерството за труд и социјална политика се објавени корисници на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.
На веб-страницата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија се објавени корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување.
На веб-страницата на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија се објавени невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок.
Списокот се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка, а доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка, а најдоцна до 9 јануари 2023 година, се вели во соопштението.
Приговорот може да се поднесе преку архивата на Министерството за труд и социјална политика или преку електронската пошта [email protected]
Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза, како што се наведува, ќе биде отстранет од веб-страниците на Министерството за труд и социјална политика, на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија по истекот на три дена од денот на објавувањето.
OhridNews