Откако во јануари на насловната страна на списанието „Стар“ било објавено дека Кејти Холмс е зависна од дрога, актерката го тужела списанието, а неодамна ја добила пресудата. Сопругата на Том Круз барала оштета од 50 милиони долари, но не е познато колкава сума пари добила со пресудата.


По пресудата списанието е должно да објави извинување кон актерката за ширење дезинформации, а парите кои актерката ги добила од пресудата отишле на сметка на добротворна организација која им овозможува на сиромашните деца да одат на часови по танцување.