Во време на економската криза едно списание за жени се досетило како да привлече повеќе читателки. На своите нови претплатници како награда списанието „Линда“ им подарува бесплатен секс со професионалец. Само 25 од нив ќе добијат два часа со жиголо.
Својот купон можат да го искористат кога сакаат и како сакаат. Со овој гест „Линда“ до одбележува излегувањето на нејзиниот 69-ти број, во кој се пишува за прељубата и за жените кои плаќаат за секс. Целта им е да ги отстранат предрасудите за жените кои користат услуги на машките проститутки.