Дефинитивно се доцни, и со тоа што се одложи учебната година за еден месец укажува на тоа дека не бевме подготвени, вели Стефани Спировска, претседателка на Младински образовен форум во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Повикувајќи се на последното направено истражување, Спировска посочува дека учениците се незадоволни од начинот на којшто се спроведе онлајн или далечинското учење, а вината за тоа е лоцирана кај неподготвеноста на професорите.

Идејата, сама по себе, беше во ред за условите во коишто се имплементира, меѓутоа фактот што не инвестираме во професорите години наназад, што не се обновуваат нивните вештини, нивната дигитална писменост и слично, сега излезе повеќе од кога било на површина и резултираше во незадоволство кај учениците. Ние очекуваме дека ќе има некакво подобрување, поради тоа што еве изминаа четири месеци во коишто можеа целосно да се подготвуваат професорите и институциите, вклучително со распустот, а ако земеме и дополнителните три месеци во кои траеше пандемијата, тоа се повеќе од пола година време во кое можеше да се најде решение. Претпоставувам дека ќе има некакво поместување и се надевам дека и надлежните работеле на оние проблеми кои и ние ги лоциравме како организација. – вели Спировска.

На платформата Едуино засега има само видео материјали за основното образование, но не и за средношколците. Проблем е и нееднаквиот пристап до образование, предупредува Спировска.

Дефинитивно се задоцни, затоа што ова не е нешто кое што не знаевме дека ќе се случи. Штом сите ние знаевме дека наставата ќе продолжи онлајн сигурно институциите знаеле пред нас. Претпоставувам дека сега се прават напори и од она што ние како организација го знаеме, меѓутоа дефинитивно се доцни и само тоа што се одложи учебната година за еден месец укажува на тоа дека не бевме подготвени да се соочиме со ова. – вели во неделното инбтервју за РСЕ ретседателка на Младински образовен форум Стефани Спировска.

Целото интервју може да го погледнете тука.

OhridNews
Извор: РСЕ