Побрзото согорување на калориите директно е поврзано со добриот сон, бидејќи кога сме наспани имаме повеќе енергија.
Спиењето влијае на нашето психичко и физичко здравје, но покрај тоа може да ни помогне при слабеењето, тврдат научниците.
Редовното легнување на време ќе ја спречи најголемата опасност за нашата линија – доцните оброци кои може да ни донесат и килограм неделно. Истражување покажало дека оние кои си легнуваат во 2 часот, јадат 550 калории повеќе од оние кои легнуваат во 23 часот.
Побрзото согорување на калории е директно поврзано со добриот сон, бидејќи кога сме наспани имаме повеќе енергија, а телото согорува 5% калории повеќе во мирување, отколку кога не сме. Покрај тоа, после јадењето согоруваме 20% калории повеќе кога сме наспани.
Последично, побрзо го губиме и масното ткиво после добриот сон, а кога сме наспани повеќе внимаваме на храната која ја купуваме, попрецизно, купуваме поздрава храна. Време е добро да ги анализирате вашите навики за спиење – квалитетниот сон ќе ја чува вашата линија.
извор:metro-portal.hr