Спиењето во осветлена просторија во ново истражување на британски научници е поврзано со поголем ризик за дебелеење.

Дебелината зафаќа се поголем број на луѓе, а една од работите кои влијаат врз дебелеењето е и спиење во осветлени простории, тврдат истражувачи од лондонскиот Institute for Cancer Research после истражување спроведено на повеќе од 113 илјади жени.

Американскиот Journal of Epidemiology пишува дека зголемувањето на телесната маса било почесто кај испитаничките кои спиеле во простории со осветлување доволно да биде видлива другата страна од просторијата.

Научниците не ја утврдиле можната причина за оваа појава и планираат дополнителни истражувања.

Според нивните зборови, постои можност осветлувањето навечер да влијае врз таканаречениот внатрешен часовник на организмот и по пат на хормонални промени да резултира со зголемување на шансите за насобирање на дополнителни килограми.

извор:metro-portal.hr