Роџер Мур, кој полни 85 години ја имал главната улога во филмовите за најславниот 007 агент, тврди дека бил со повеќе жени отколку ликот кој го глумел. Според математиките, тоа е прилично голем број млади дами. Имено, во 22 досега снимени филмови за Џемс Бонд, агентот променил 51 љубовница, а славниот актер тврди дека неговата листа е подолга отколку онаа на Бонд, иако и самиот не го знае бројот на жените со кои спиел.
Актерот го играл славниот агент на големото платно дури седум пати, се женел четири пати и тврди дека ја изгубил евиденцијата за своите љубовници, но е сигурен дека биле повеќе отколку во филмовите. Мур за себе вели дека џентлмен и дека точниот број, и да сака, не може да го открие бидејќи одамна престанал да брои.