Анџела Гудвин веќе три години живее со необичен куќен љубимец. Мравојадот Пуа спие со неа во креветот, а неретко заспива и во машината за перење алишта. Анџела работи како изучувач на егзотичните животни. Таа го облекува мравојадот во џемпери бидејќи климата во Орегон не им одговара на овие животни кои се навикнати на тропска клима.


Вели дека Пуа веќе има комплетна гардероба и дека животот со него не е ни малку лесен. Нивната мочка мириса непријатно, и ако се преплашат испуштаат мирис сличен на творовите. Тешки се и во исхраната бидејќи бараат посебен режим. И покрај се Анџела не би го менувала за ниту едно куче или мачка на светот.