Повторно обновената група Spice Girls вчера објавија дека долго најавуваната турнеја во Кина, Австралија, Јужна Африка и Аргентина нема да се одржи од „семејни и лични причини“.
Британската женска група која врвот на својата слава ја достигна во деведесетите години, а пред извесно време повторно се собраа најавувајќи светска турнеја во изворната постава, вчера ги откажаа концертите во Кина, Јужна Африка и Аргентина и најавија дека турнејата ќе заврши на 26 февруари во Торонто.
„За жал турнејата мора да заврши на крајот од февруари поради семејните и приватни обврски на Ема, Гери, Мел Б, Мелани Ц и Викторија“ изјавил менаџерот на групата.
„Во мај беше најавено дека девојките, покрај Европа и САД, планираат да ги посетат и Австралија, Кина, Јужна Африка и Аргентина. Поради големото побарување на влезници во Велика Британија и САД, и огромната логистика потребна за таква турнеја, не беше можно се да се вклопи“ рекол менаџерот.
Меѓутоа евидентно е дека причините за откажување на турнејата се сосема поинакви. Од пред некое време се зборуваше дека финансискиот ефект од концертите не е таков како што се очекуваше, односно дека се продадени мал број влезници. Уште една од причините е и нетрпеливоста помеѓу девојките, односно нивните постојани караници, кои очигледно не можеле да ги надминат.
ohridnews