Специјалната американска полиција останала засрамена откако открила дека била во подготвителна состојба мислејќи дека картонскиот човек во природна големина е разбојник.
Откако се огласил алармот, полицијата отишла во банката ПНЦ во Њу Џерси. Кога ја здогледале силуетата на човек во излогот, полицајците веднаш го затвориле регионот околу банката и ги евакуирале околните згради. Потоа следело 90-минутно исчекување и залудни обиди за контактирање со сенката зад стаклото.
„Стигнав на паркингот и видов многу полицајци со пиштоли“ – рекол случаен минувач.
По неуспешните обиди за да стапат во контакт со телефон и мегафон, во банката влетале специјалци и откриле дека разбојникот всушност е картон со лик на човек во природна големина. Полицијата не сакала да го коментира случајот.