На филмскиот фестивал во Брунсвик, Германија, на кој учествуваа 344 филма, македонскиот филм „Џган“ по сценарио и режија на Вардан Тозија, беше номиниран меѓу осум филмови во натпреварувачката категорија„Беѕонд“. Филмот не ја освои наградата , но актерот Мартин Ѓоргоски доби специјално признание.
Наградата ја доби иранскиот филм „Пантоури“, но главното жири на сцената изјави дека мора да додели уште една награда- специјално признание за исклучително остварување на младиот актер Мартин Ѓоргоски од Македонија, за неговата улога во филмот „Џган“ соопшти продукцијата „Дрим фектори’, која филмот го направи во копродукција со „Red helicopter Films“ од Албанија.