Интер продоложува да владее во Серија А, по петти пат во низа е шампион на Италија. Нероазурите по освојувањето на Копа Италија во своите витрини го додадоа и Скудетото.

Единствен конкурент во оваа сезона кој му стегна “заби“ на Интер беа избраниците на Клаудио Раниери, но и во двата наврати нероазурите излегоа како победници.

– Ова беше премногу стресно за мене. Не очекував ваков расплет на последното коло од Серија А. Не знам како ќе реагирав и што ќе речев ако примивме гол во последните минути. А такви работи често се случуваат.



– Ќе ги опоменам фудбалерите да не прават такви “немили“ сцени. Тие мораат да размислуваат и на резултатот а пред се да размислуваат и за здравјето на тренерот.


– Морам да се заблагодарам на Сампдорија за победата над Рома на Олимпико, која ни го трасираше патот до Скудетото. Сега пред нас се два три дена одмор и почнуваме да се спремаме за финалето во Лигата на Шампиони. изјави Хозе Мурињо