Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ од Охрид наскоро ќе добие современ компјутерски томограф. Од управата на оваа здравствена установа не информираа дека апаратот го набавува Министерството за здравство и дека процедурата за набавка е веќе започната.

-Новиот компјутерски томограф ќе биде 64 слајсен, тоа е една од најсовремените техники. По налог на министерството , ние веќе ја имаме подготвено просторијата во која ќе биде сместен томографот и ги имаме обезбедено сите предуслови за истиот да биде веднаш ставен во функција. Исто така располагаме со стручни кадри кои се обучени и кои ќе може да работат со томографот, вели д-р Митко Тилев, директор на болницата „Свети Еразмо“.

Тој појасни дека набавката на овој апарат ќе значи многу за подигнување на здравствените стандарди во болницата и за подобрување на услугите кои им се даваат на пациентите.

OhridNews