Една година специјализираната продавница за пилешко „Roast chicken“ на охриѓани и посетителите им ги нуди највкусните печени пилиња и специјалитети од пилешко во Охрид, по најповолни цени. Продавницата на булевар „Туристичка“ непосредно до пресекот со ул.„Даме Груев“ е омиленото место за љубителите на пилешко, сендвич и добро кафе.
„Roast chicken“ свежо подготвува пилиња од висока А класа, тазе помфрит, тостови и кафе за носење, а наскоро понудата ќе биде збогатена со пилешки прсти и „chicken nugget“ во повеќе форми.
Исто така во план е проширување на продажбата на други локации и во други градови. Наскоро „Roast chicken“ отвара и магацин на големо за свежи и замрзнати пилешки производи.
Специјалитетите од пилешко „Roast chicken“ Охрид ги доставува до дома (075 811 008). За нарачани производи над 600 денари доставата е бесплатна, а до 600 денари се доплаќа 50 денари.
По повод првиот роденден на „Roast chicken“ во тек е промотивна акција која трае до 2-ри октомври до кога најдобрите печени пилиња и специјалитети од пилешко во градот може да ги вкусите со попуст од 20%!
OhridNews