Во Србија се подготвува седмиот по ред фестивал на тестиси од 27 до 29 август во Озрем. Добредојдени се готвачи од целиот свет. Специјалитетите наводно имаат својство на афродизијак, а ги подготвуваат од тестиси на бикови, вепари, коњи, морски кучиња, ноеви, магариња, елени и многу други животни.


Организаторите признале дека ретко им гостуваат готвачи од странство, но се надеваат дека ќе привлечат туристи да ги пробаат специјалитетите. Организаторот изјавил дека секој регион си има свој препознатлив бренд. Како пример ги навел Шкотска која е позната по вискито и Швајцарија која е позната по сирењето и чоколадите.