Познатиот дански ресторан Нома во Копенхаген, кој важи за најдобар на светот, привремено се преселил во јапонската престолнина. Сакајќи на гостите да им понуди незаборавно доживување, неговиот прославен готвач Рене Реџепи во припремата на храната од ова поднебје додал своја карактеристична нота. Живи шкампи „зачичети“ со исто така живи црни мрави е еден од 15 специјалитети кои посетителите во ресторанот Нома токи, сместен на 37. кат од хотелот Мандарин Ориентал, имаат прилика да ги густираат додека уживаат во погледот на планината Фиџи.

Со својата природна метанска киселина, мравите даваат специфичен коселкаст вкус, наведуваат оние кои ги пробале специјалитетот. Нома и претходно користел мрави во своите јадења, а Јапонците се познати како големи сладокусци на морска храна која сеуште „мрда“. Живите октоподи и рибниот млеч се сметаат за деликатес во Јапонија.