На вториот ден од Ohrid Calling, првата ѕвезда која настапи и направи одлична атмосфера на стадионот Билјанини Извори беше Roger Sanchez. Неколку илјадната публика имаше можност да ужива во одлична хаус музика.
Вистинско шоу направи светски познатиот dj Salvatore Ganacci. Дури ни дождот не успеа да ја наруши вжештената фестивалска атмосфера.
Фестивалот продолжува утре, со настапот на Armin van Buuren кој исто како Dimitri Vegas & Like Mike и Salvatore Ganacci, зад себе има настапи на еден од најголемите светски фестивали, Tomorrowland, како и на многу други.
Анамарија Момироска