На спектакуларен начин со огномет, егзбиции со велосипеди, танцување на музика и најавување на екипите учесници беше отворена „Гимназијадата“ која ќе се одржи во Охрид.

Ниту променливото време не ги спречи охриѓани и спортистите да уживаат во дефилето кое имаше олимписки шмек. Градскиот стадион „Атина Бојаџи“ ечеше од громогласни аплаузи кои беа наменати за натпреварувачите.

„Гимназијадата“ за отворена ја прогласи секретарот на Општината Охрид, Димитар Спасески, кој им посака топло добре дојде и успех на сите учесници.

 Фото : Мега Продукција

Мх.П.