Кога ќе влезете во подземната железница во Стокхолм ни самите не сте сигурни каде сте. Дали сте дошле во некоја уметничка галерија, или сепак сте на вистинското место.


За подземната железница во Стокхолм се вели дека тоа е најдолгата уметничка изложба на светот, долга дури 110 километри. Во главниот град на Шведска има 100 станици на подземната железница, а дури 90 од нив биле декорирани во стилот на старата или новата уметност. Таму можело да се сретне се, од скулптури до најразлични слики.