Необична светлина се појавила на небото над градот Соликамск во рускиот регион Перм. Оваа спектакуларна светлина била снимена пред неколку ноќи нешто пред полноќ, а локалните жители сметаат дека таа е вистински доказ за постоењето на вонземјаните.


Светлината можела да се види над Урал. Сепак, медиумите во Русија пишуваат дека станува збор за воениот сателит Меридиан, кој бил лансиран во орбитата токму тогаш, и објасниле дека тоа било четврти сличен сателит кој бил лансиран, за да го замени постоечкиот состав на сателитот Молња. Русија во земјината орбита има повеќе од 1000 сателити.